Економија

Бизнисот со позитивен став и предлог за допрецизирање на антикризните мерки

30.11.2023 15:05

Позитивно се оценуваат најновите антикризни мерки за поддршка на стопанството, но и на стандардот на граѓаните. Од Прилепската регионална комора предлагаат допрецизирање на субвенционирањето за повисоки плати. И граѓаните очекуваат ефекти...

Владиното субвенционирање на компаниите за зголемувањето на платите на вработените, да го земе просекот на август, септември и октомври за што се исплатени плати и да се однесува на сите приватни фирми и компании без исклучок, сугерираат од прилепската регионална стопанска комора каде мерките ги оценуваат позитивно. Ова се предлага за да има ефекти и да нема злоупотреби со платите на вработените.

Деветтиот пакет антикризни мерки тежи 662 милиони евра и е со 26 мерки. Стопанството ќе биде поддржано со преку 492 милиона евра. И граѓаните очекуваат ефекти, особено за стопанството и младите. Опфатени се 440.000 граѓани од ранливите категории, млади и пензионери. Од мерките се очекуваат ефекти.

Владините антикризни мерки се успешни ако имаат ефекти за подобар животен стандард. За стандардот, велат граѓаните, е многу битно и што од 1-ви декември треба да се врати евтината дневна тарифа на струјата.

 

 

Елизабета Митреска