Финансиска поддршка за проектот за валоризација на пештерата „Пешна“
Проектот ќе овозможи поголема видливост за туристите кои засега доаѓаат неорганизирано во општината, каде основен столб на развојот е руралниот туризам...

Пештерата со најголем отвор на Балканот-„Пешна“ кај Македонски Брод е меѓу првите три проекти за кои ЕУ даде финансиска поддршка за негова валоризација. Тоа ќе овозможи поголема видливост за туристите кои засега доаѓаат неорганизирано во општината, каде основен столб на развојот е руралниот туризам, вели првиот човек на општината Жарко Ристески.
Ова е за прв пат од постоењето на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот да работи еден ваков прекуграничен проект.
Во туризмот нема граници туку дестинации, ваквите успешни проекти треба да отворат едно ново поглавје, во насока на аплицирање на нови проекти за ваквиот вид на туризам, велат од Агенцијата.
„Затоа што кога зборуваме за овој регион не треба да има инволвираност од политичка страна. Се работи за туризам и за регион со премногу убавини и културни наследства“, вели Анџело Ставридис, проект- менаџер од грчката страна.
Во рамките на проектот се обучени десетина туристички водичи, а за истиот се снимени околу 160 часа промотивен материјал.
Стевче Митревски
