Регионална соработка за борба против корупцијата
Министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, на маргините на 30-от Министерски самит на ОБСЕ во Скопје, потпишаа заедничка изјава за борба против корупцијата, перењето пари и олеснување на напорите за враќање на имотот.
На маргините на Министерскиот совет на ОБСЕ, на иницијатива на македонското претседателство потшишана е заедничка изјава за справување со корупцијата во регионот на Западниот Балкан.
Претседавачот на ОБСЕ Османи изјави дека оваа иницијатива поведена бидејќи сите земји од регионот се подложни на корупција и дека мора земјите-членки да ја засилат борбата против ова зло на денешницата, почнувајќи од највисоко политичко ниво.
Специјалниот претставник на ОБСЕ за стравување со корупцијата укажа дека без ефикасна борба против корупцијата нема напредок на демократијата, владеењето на правото и економски развој, поради што луѓето од регионот на Западен Балкан ги напуштаат своите земји и бараат подобар живот во странство.
Земјите-членки на ОБСЕ се заложија и за стравување со климатските промени коишто предизвикуваат последици во земјите од Европа и пошироко. На маргините на Министерскиот совет на ОБСЕ, ќе се дискутира за зголемена улога на младите во општеството и на жените во медиумите. Учесниците на Советот на ОБСЕ ќе се заложат за поголема соработка со партнерите од Азија и Медитеранот.
Ирина Гелевеска ги има деталите
