Финска постави двојна ограда на границата со Русија, затворени се граничните премини
Во случај на обид за пробивање на границата, безбедносните сили ќе ги преземат сите неопходни мерки...

Финска постави двојни засилени огради на границата со Русија. Властите соопштија дека сите гранични премини се затворени
„Во моментов граничните премини се затворени. Поставени се бариери и на државната граница и во внатрешноста. Доколку пристигнат луѓе, ќе ги насочиме до каде можат легално да влезат во Финска“, изјави потполковник Јуко Лукари, заменик командант на граничната стража на југоисточна Финска.
Тој додаде дека финските граничари и нивните колеги од Фронтекс, агенцијата за гранична контрола на ЕУ, веќе се „фокусирани на важни делови од границата“.
Во случај на обид за пробивање на границата, безбедносните сили ќе ги преземат сите неопходни мерки за да ја задржат ситуацијата под контрола, да ги насочат луѓето и да спречат насилни дејствија.
