Сирија: Претседателски избори среде граѓанска војна
03.06.2014 12:40
Првпат во поновата историја на Сирија има неколку кандидати за претседател, откако уште двајца добија согласност од парламентот да учествуваат...

Сиријците гласаат на претседателски избори во услови на граѓанска војна, од кои се очекува апсолутна победа на претседателот Башар ал Асад. Првпат во поновата историја на Сирија има неколку кандидати за претседател, откако уште двајца добија согласност од парламентот да учествуваат.
„Ова е слобода. Секој може да избере, а ние, се разбира, сите сме за Башар ал Асад“, вели една жителка.
Гласачките места се отворени само во деловите каде што целосната контрола ја имаат владините сили, а бунтовниците се обидуваат со напади и експлозии да ги спречат изборите.
