Средба

Мицкоски- Обрајен: Стратешки интерес на Македонија е заштита на националните и идентитетски обележја и влез во ЕУ

30.11.2023 19:33

Како што соопштуваат од партијата, на средбата соговорниците ги потврдија добрите односи и потребата за ползување на придобивките од стратешкото партнерство на САД со Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски и Владо Мисајловски оствари средба со Џејмс Обрајен, помошник државен секретар за Европски и Евроазиски прашања на САД.

Како што соопштуваат од партијата, на средбата соговорниците ги потврдија добрите односи и потребата за ползување на придобивките од стратешкото партнерство на САД со Македонија.

Воедно Мицкоски истакна дека стратешки интерес на Македонија освен членството во Европската Унија е и заштита на националните и идентитетски обележја на македонскиот народ и Македонија.

Од страна на Мицкоски беше афирмирана потребата за сериозна борба против корупцијата и криминалот како голем проблем на граѓаните, и неопходноста од системски реформи кои ќе го подобрат стандардот на државата.

Соговорниците се осврнаа на повеќе прашања од регионално значење како и идните политики во однос на тие теми и области, стои во соопштението.