Борг: Да го зачуваме и зајакнеме ОБСЕ
Заедно го создадовме ОБСЕ како инструмент за безбедност, соработка и разбирање. За добросостојбата на сите луѓе на кои им служиме, мора да опстанеме и го зачуваме. Ова е тешка, но витална задача пред нас. Дипломатијата останува најдобра алатка за овој потфат, изјави Борг.
Мултилатеризмот е во основата на надворешната политика на Малта. Мора да се обидеме колективно да го зачуваме и зајакнеме ОБСЕ, препознавајќи ги нашите споделени одговорности како потписници на Хелсиншкиот финален акт, порача во своето обраќање на 30-от Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје, Иан Борг, министерот за надворешни работи на Малта, следната земја претседавач со Организацијата.
Да се вратиме на споделените принципи и заложби. Дозволете предизвиците да ги претвириме во можности, во духот на Хелсиншкиот финален акт и да обезбедиме наследство за идните генерации. Заедно, да внесеме нов дух во Организацијата, порача Борг.
Очигледно е, нагласи Борг, дека мултилатерализмот се соочува со предизвици, но останува клучен за справување со глобалните проблеми, од спречување на конфликти до справување со климатските промени, бидејќи, како што нагласи, ниту една земја не може сама да се справи со овие предизвици и затоа клучни се соработката, инклузивноста и координираните напори во рамки на поставените правила.
Заедно го создадовме ОБСЕ како инструмент за безбедност, соработка и разбирање. За добросостојбата на сите луѓе на кои им служиме, мора да опстанеме и го зачуваме. Ова е тешка, но витална задача пред нас. Дипломатијата останува најдобра алатка за овој потфат, изјави Борг.
Малта, нагласи Борг, останува посветена на обезбедување на хуманитарна помош и поддршка за Украина и Русија мора целосно да се повлече од целата нејзина територија.
Фото: Фејсбук/ Иан Борг
