Министерски совет во Скопје

Лавров оствари средба со актуелниот и идниот претседавач со ОБСЕ

30.11.2023 20:20

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека се разговарало за состојбата во ОБСЕ...

Амбасадата на Руската Федерација во Скопје на својот Фејсбук профил објави фотографија од средбата на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров со министрите за надворешни работи на Македонија Бујар Османи, сегашен претседавач со ОБСЕ и на идниот претседавач со ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Малта, Иан Борг.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека се разговарало за состојбата во ОБСЕ, како и дека од руска страна било нагласено дека за да може Организацијата да излезе од сегашната криза и да се врати на нормалните активности, неопходно е да продолжи меѓусебното почитување и еднаквиот дијалог меѓу земјите-учеснички, да се почитува основното правило на консензус и строго да се следат правилата на Организацијата.

Фото: Фејсбук/ Амбасада на Русија во Сев.Македонија