Украина

Серија експлозии во Херсон

30.11.2023 20:39

Руската армија почна да ја напаѓа украинската инфраструктура на 10 октомври 2022 година – два дена по експлозијата на мостот на Крим, зад кој, според руските власти, стојат украински специјални служби.

Серија експлозии се случија денеска во јужниот украински град Херсон, објави шефот на градската воена управа Роман Мрочко. Тој ги повика жителите да не остануваат на отворени простори, а подоцна објави дека гранатирањето на градот продолжува.

Руската армија почна да ја напаѓа украинската инфраструктура на 10 октомври 2022 година – два дена по експлозијата на мостот на Крим, зад кој, според руските власти, стојат украински специјални служби.

Оттогаш, руската војска ги гаѓаше енергетските, комуникациите и воените објекти низ Украина, а предупредувањата за воздушни напади важат секојдневно.