Рекордно високи трошоци за одбрана на ЕУ во 2023-та
Ова е деветта последователна година на раст на трошоците за одбрана на земјите од ЕУ, во време кога неколку од нив се залагаат за значително зголемување на тие трошоци поради војната на Русија во Украина.

Трошоците за одбрана во Европската унија оваа година достигнаа рекордно високо ниво од околу 270 милијарди евра, што е за околу 30 милијарди евра повеќе отколку во 2022 година, изјави претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел за Европската агенција за одбрана (ЕАО).
Ова е деветта последователна година на раст на трошоците за одбрана на земјите од ЕУ, во време кога неколку од нив се залагаат за значително зголемување на тие трошоци поради војната на Русија во Украина.
Во 2022 година, шест од 27 земји-членки ги зголемија трошоците за одбрана за повеќе од 10 проценти, а во случајот со Шведска, земја која чека ратификација на членството во НАТО, дури и за повеќе од 30 проценти.
Заедно, земјите од ЕУ трошат 1,5 отсто од својот бруто домашен производ (БДП) на одбранбениот сектор, што е многу помалку од целта од 2 отсто поставена од НАТО. Дваесет и две земји од ЕУ се исто така членки на НАТО.
