Временска прогноза
Променливо облачно време со сончеви периоди
01.12.2023 08:10
Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец, особено во западните делови и во централниот дел на Повардарието...

Наутро со услови за појава на магла во одделни котлини. Преку денот променливо облачно време со сончеви периоди и потопло. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец, особено во западните делови и во централниот дел на Повардарието.
Времето денеска ќе биде потопло, со максимална температура до 17 степени.
Во Скопје променливо облачно, наутро со појава на значителна ниска облачност. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
