Здравство
Одбележување на Светскиот ден за борба против СИДА
01.12.2023 08:55
Според податоците од Институтот за јавно здравје, заклучно со 31-ви октомври годинава, во Македонија, за периодот 1987 – 2023, регистрирани се 631 лице со ХИВ-СИДА...

Во светот и кај нас денеска се одбележува Светскиот ден за борба против СИДА. Според податоците од Институтот за јавно здравје, заклучно со 31-ви октомври годинава, во Македонија за периодот 1987 – 2023, регистрирани се 631 лице со ХИВ-СИДА. Од нив, 125 починале. Во октомври се пријавени четири новорегистрирани случаи.
Лицата се на возраст од 25 до 54 години, три лица се од машки пол. Во фокусот на здравствените власти и невладините, пристапот до терапијата за пациентите со ХИВ-инфекција и финансирањето и одржувањето на програмите за превенција.
