Формула 1

Романски тим во Ф1

03.06.2014 13:03

Според непотврдени информации на некои новински агенции Интернационалната Федерација за Автомобилизам-ФИА дала дозвола од наредната сезона во Формула 1 шампионатот да се приклучи уште еден тим.Станува збор за романскиот ФРР кој според наводите е финансиски способен за предизвиците што ги носи најскапиот авто-мото спорт.На чело на екипата е поранешниот доктор и романски министер за здравство , сега актуелен бизнисмен  Јон Базак кој е главен увозник на возилата на Ферари во Романија под името Форца Роса.

Базак е претседател и на конзорциумот на приватни и државни инвеститори што  ја подржуваат  идејата за промоција на  интересеите на Романија во формула 1, а според информациите зад проектот стои и владата на Романија. Доколку се реализира проектот, тимот на ФРР ќе користи погонски агрегат на Рено, а за шасијата ќе биде задолжен поголемиот дел од тимот што работел на оформувањето на екипата на Форс Индија.