Собрание

Денешна седница на Комисија за прашања на изборите и именувањата

01.12.2023 08:59

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница треба да избере седум кандидати за идни членови на Државната комисија за спречување на коруцпијата, кои потоа ќе му ги предложи на Собранието. Се очекува оваа точка да се најде на дневен ред на првата наредна пленарна седница.

За да се изгласаат новите членови на ДКСК потребно е просто мнозинство.

На Ранг-листата со освоени поени веќе објавена на веб-страната на Собранието, највисоко котираат вработената во Државниот завод за ревизија (ДЗР) Татјана Димитровска – 76 бода, на второ место е судијката во Основниот суд Софија Спасова Медарска – 75,86, двајца досегашни советници во ДКСК Билјана Каракашова Шулев – 74,28 и Бесник Џемаиљи – 74,14, ревизорите Зоран Богоевски – 73,57, Цвета Ристовска – 70,57 и Демири Сервет – 67,28, адвокатите Владимир Клековски – 65,57 и Сузана Јошевска-Анастасовска – 65,43 и на десеттото место новинарот Даут Даути со освоени 64,14 бода.