ОБСЕ

Продолжува министерскиот совет на ОБСЕ

01.12.2023 09:04

Денеска продолжува министерскиот совет на ОБСЕ, којшто се одржува во Скопје...

Денеска продолжува министерскиот совет на ОБСЕ, којшто се одржува во Скопје.

Според најавите на последниот ден од состанокот треба да се одржат три придружни настани на тема „Млади и граѓанско општество“, „Се работи за луѓето – влијанието на теренските операции на ОБСЕ во 2023 година“ и „Зачувување на плурализмот – безбедност на жените новинарки“.

Се очекува прес-конференција да одржи и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.