енергетика
Од денеска стартува дневната евтина тарифа
01.12.2023 09:06
Домаќинствата ќе имаат на располагање 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во недела...

Од денеска стартува евтината дневна тарифа на струјата во периодот од 13.00 до 15.00 часот. Домаќинствата ќе имаат на располагање 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во недела.
Регулаторна по направените анализи, оцени дека се создадени услови домаќинствата да користат дополнителни часови во коишто надоместокот за потрошената електрична енергија ќе се пресметува по евтина тарифа, вели првиот човек на комисијата, Бислимовски. Од јануари нова цена на струјата.
