Симпозиум

Годишниот симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА Македонија

01.12.2023 09:41

Темата на симпозиумот ќе се осврне на историските и современите улоги на жените уметнички, расветлувајќи го нивниот придонес во пошироката уметничка нарација.

Годишниот симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА Македонија насловен „Визуализирање на еднаквоста: женските улоги во обликувањето на уметничките наративи“, ќе се одржи денеска , со почеток од 12 часот во Музејот на современа уметност во Скопје.

Учеснички на симпозиумот се Нада Пешева (историчарка на уметност), Ана Ивановска Дескова (архитектка, историчарка на архитектура и истражувачка, вонредна професорка на Архитектонскиот факултет во Скопје) и Јана Коцевска (ко-основачка на Тиииит! Инк. и на фестивалот „Прво па женско“).

Симпозиумот „Визуализирање на еднаквоста: женските улоги во обликувањето на уметничките наративи“ има за цел да ја истражи повеќеслојната димензија на учеството на жените на уметничката сцена, со специфичен фокус на еволуирачкиот пејзаж на Македонија во периодот по 60-тите години.

Симпозиумот настојува да го расчлени квалитетот и квантитетот на културните политики во Македонија кои беа инструментални за стимулирање на вклучувањето на жените во визуелната уметност, архитектурата и уметничкиот активизам, и да ја процени инклузивноста на родовите теми во неодамнешната уметничка продукција.

Темата на симпозиумот ќе се осврне на историските и современите улоги на жените уметнички, расветлувајќи го нивниот придонес во пошироката уметничка нарација. Преку испитување на напредокот на политиките и иницијативите насочени кон промовирање на учеството на жените во уметноста, симпозиумот има за цел да го оцени степенот до кој овие мерки поттикнаа вклученост и рамноправност на македонската уметничка сцена.

Симпозиумот се организира со финансиска и техничка поддршка од Министерство за култура и Музеј на современата уметност-Скопје.