Царината заплени 15 килограми марихуана
Албанец по налог на нарко бос од Сицилија купил 15 килограми дрога од селото Лазарет кое важи за најголем нарко бастион во неговата земја. Ја пресувал и спакувал во 25 пластични кеси, ја натоварил во автомобил Волво и тргнал на пат, но на Блаце бил откриен...

Сакал да заработи од продажба на марихуана, но бил уапсен на преминот Блаце. Албанец по налог на нарко бос од Сицилија купил 15 килограми дрога од селото Лазарет кое важи за најголем нарко бастион во неговата земја. Ја пресувал и спакувал во 25 пластични кеси, ја натоварил во автомобил Волво и тргнал на пат.
Нарко дилерите ги искористиле шуплините во автомобилот, наречени бунекри, за да ја сокријат дрогата. Големопродажната цена на оваа дрога изнесува 45 илјади евра.
Патот на дрогата преку Косово водел до Србија, каде локалните дилери требало да ја преземат.
Не успеал да ја помине српската граница и за да не биде откриен, се вратил назад. Преспал на паркинг, а утредента смислил „бекап план“ како товарот да го пренесе во Македонија. Но, на Блаце бил откриен.
„На 02.06.2014 година околу 13 часот на влез во Република Македонија на граничниот премин Блаце се пријави патничко моторно возило „Волво“ со албански регистарски таблички, управувано од лице со иницијали Р.Д. албански државјанин“, изјави Наташа Радевска Крстевска – Директор на Царинската управа.
Од почетокот на годинава досега, Царинската управа има запленето 38 килограми марихуана и 10 килограми хероин.
Анита Димитријевска
