Спасовски: Се преземаат опсежни мерки за пронаоѓање на Вања Ѓорчевска
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека се преземаат опсежни активности за пронаоѓање на 14-годишна Вања Ѓорчевска, која исчезна во понеделникот на пат кон училиште...

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека се преземаат опсежни активности за пронаоѓање на 14-годишна Вања Ѓорчевска, која исчезна во понеделникот на пат кон училиште.
Во изјава за медиумите дадена по посетата на СВР Скопје, министерот Спасовски рече дека се сослушани десетици лица и дека се вештачат електронските уреди од семејството и од девојчето.
– Се пребаруваше и речното корито на Вардар, се пребаруваат сите подрумските простори не само во околината, туку и пошироко.
Се работеше и на добивање податоци од црквите и манастирите во околисната на Скопје и тука нема да се застане, интензивно се работи, рече Спасовски.
Им се заблагодари и на медиумите за објективното информирање и борбата против лажните вести кои се шират на социјалните медиуми. Вања исчезна во понеделникот рано наутро на пат кон училиште.
