Средба Маричиќ – Фајон
На прес конференцијата одржана по повод потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу Северна Македонија и Словенија вицепремиерот Маричиќ истакна дека државите прават уште еден голем чекор напред во зацврстувањето на традиционалното пријателство и взаемната поддршка која ја негуваме со целосно внимание од осамостојувањето на нашите двете земји...

Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ денес одржа важна билатерална средба и потпишувањето на Меморандумот за меѓународна развојна соработка за периодот 2023 – 2024 година меѓу вицепремиерот за европски прашања на Република Северна Македонија Н.Е. г. Бојан Маричиќ во име на Владата на Република Северна Македонија и вицепремиерот и министер за надворешни и европски работи на Република Словенија Н.Е. г-ѓа Тања Фајон во име на Владата на Република Словенија
На прес конференцијата одржана по повод потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу Северна Македонија и Словенија вицепремиерот Маричиќ истакна дека државите прават уште еден голем чекор напред во зацврстувањето на традиционалното пријателство и взаемната поддршка која ја негуваме со целосно внимание од осамостојувањето на нашите двете земји.
Вицепремиерот рече дека меморандумот за меѓународна развојна соработка за периодот 2023 – 2024 година предвидува околу два милиони и сто илјади евра (2.079.889 евра). Словенечки средства за развој, коишто ќе ни бидат ставени на располагање за финансирање проекти на пет инфраструктурни проекти во пет општини во нашата земја.
Секретаријатот за европски прашања дополнително ќе ја интензивира соработката со Амбасадата на Република Словенија во дефинирањето на приоритетните активности кои произлегуваат од нашата агенда која пак, е тесно поврзана со приоритетите за усогласување со стандардите на Европската Унија – додаде Маричиќ.
