Зеленски: Нова фаза на војната
Во пресрет на зимата, украинскиот претседател Зеленски изјави дека војната со Русија е во нова фаза...

Руските сили го гранатираа Херсон. Киев соопшти дека непријателот напаѓа речиси во сите правци. Во областа Авдијивка и натаму се водат жестоки борби на терен. Во пресрет на зимата, украинскиот претседател Зеленски изјави дека војната со Русија е во нова фаза, а ладното време се очекува да ги комплицира борбите поради, како што рече, постојаниот недостиг на оружје.
Дополнително конфликтот на Блискиот Исток се заканува да ја засени ситуацијата во Украина – потенцира Зеленски.
„Зимата како целина е нова фаза на војната, тешка. Се одвива не само на линијата на фронтот, туку и во градовите. Не смееме да дозволиме луѓето да заборават на војната овде. Сега се бориме за внимание, бидејќи знаеме кои би биле предизвиците доколку фокусот на нашите сојузници биде на повеќе страни. Затоа, вниманието е еднакво на помош“, изјави Володимир Зеленски - претседател на Украина.
