Скопје

Петти ден ја нема Вања Ѓорчевска, МВР со опсежни мерки за нејзиното пронаоѓање

01.12.2023 12:03

Неколку стотини полицајци ја бараат исчезнатата Вања. Проверени подруми, речното корито на Вардар, околните цркви и манастири. Преслушани десетици лица, преку 50 места со камери се преземени и прегледани. Се преземаат опсежни активности и тука нема да застанеме. 14-годишното девојче веќе петти ден е исчезнато. Апели за нејзино пронаоѓање и во регионот...

Петти ден ја нема 14-годишната Вања Ѓорчевска. Прегледани се над 50 камери, проверени се подруми, манастири, речното корито на Вардар. Формиран е посебен штаб заедно со родителите, роднините и соучениците на исчезнатото девојче. Сослушани се десетици лица, а полицијата има земено и електронски уреди кои во моментот се вештачат. Имаме опсежна активност, тука нема да се застане, вели министерот за внатрешни работи Спасовски.

Вознемирувачки содржини за исчезнувањето на Вања постојано се шират на социјалните мрежи. Семејството и полицијата апелираат да не се шират дезинформации затоа што ја попречуваат истрагата.

Спасовски рече дека системот „Безбеден град“ функционира, но дека системот за препознавање лице ќе биде инсталиран на 10-ти декември.

Во потрагата по Вања веќе се вклучи и Интерпол. Сликата на исчезнатото 14-годишно девојче ја објавија сите балкански земји.

 

 

Ана Јосифоска-Тодоровска