Урбанизам

Бочварски: Правиме рестарт во градежната дејност

01.12.2023 12:36

Тој потенцира дека со политиките што ги реализира Министерството за транспорт и врски се прави целосен рестарт на градежниот сектор, преку креирање на нови законски решенија со кој значително се подигнува квалитетот во овој сектор...

Министерството за транспорт и врски е силно посветено на унапредување на целиот градежен сектор и во таа насока се движи нашата соработка со сите Комори и Асоцијации. Ја започнавме најголемата реформа во овој сектор и нашите заложби во континуитет се подобрување на работата и условите за работа за сите чинители коишто се занимаваат со оваа дејност, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на втората годишна средба на Комората за овластени архитекти и овластени инженери.

Тој потенцира дека со политиките што ги реализира Министерството за транспорт и врски се прави целосен рестарт на градежниот сектор, преку креирање на нови законски решенија со кој значително се подигнува квалитетот во овој сектор.

Министерот го истакна новиот Закон за урбанистичко панирање како и финализирањето на новиот Закон за градење како клучни документи со кои се унапредува работата на сите инволвирани во градежништвото и урбанизмот.

Министерот пред присутните потенцираше дека примената на Еврокодовите без одложување ќе започне со примена од септември следната година.

Северна Македонија има обврска како земја кандидат за членка на ЕУ да ги воведе Еврокодовите за да го усогласи домашното законодавство со европското, а преку нив да се зголеми конкурентноста на домашните компании при учество на меѓународните пазари.