Министерски совет на ОБСЕ
Шефот на руската дипломатија Лавров со жестоки критики за улогата на Западот
01.12.2023 13:24
Тој ги нарече Бликен и Борел, како и Полска и балтичките држави кои не беа присутни на отворањето на Советот, обични кукавици...

Со жестоки критики за улогата на Западот во поткопувањето на темелите на ОБСЕ и на обидите да им се продолжат мандатите на функционерите во организацијата, како и со обвинување дека Западот и режимот во Киев сакаат продолжување на војната во Украина – вака помина прес-конференцијата на рускиот шеф на дипломатијата Лавров на Министерскиот совет на ОБСЕ. Тој ги нарече Бликен и Борел, како и Полска и балтичките држави кои не беа присутни на отворањето на Советот, обични кукавици. Според Лавров, Русија не е изолирана. Миле Ристески известува за пораките од неговата прес-конференција.
