Урбанизам

Втора годишна средба на архитекти и урбанисти во Битола

01.12.2023 14:41

На втората дводневна годишна средба на архитекти и урбанисти во Битола на која присуствуваа и соодветните комори од некои земји активно учество зедоа и министерот за транспорт и врски Бочварски и државниот секретар во Министерството за заштита и просторно планирање. Тие порачаа дека со новите законски легислативи се подига достоинството на овие професии но и се зголемува конкуренцијата на домашниот градежен сектор...

Со новите политики правиме целосен рестарт на градежниот сектор. Во таа насока ја започнавме најголемата реформа како наша заложби во континуитет да се подобруваат условите за работа на сите чинители но да има правилна валоризација на трудот на архитектите, урбанистите и другите чинители на оваа дејност, потенцираа владините претставници.

Токму подигањето на достоинството на професијата и улогата на архитектите и урбанистите беа и носечки теми на втората средба.

Дебатирајќи за актуелните проблеми во градот со најпознатата архитектура на Балканот и поширок градоначалникот Коњановски нагласи дека после 20 години започнува да се изработува и генералниот урбанистички план.

Втората годишна средба на архитектите и урбанистите дополнително доби на тежина со присуството на повеќе асоцијации од странство. Еден од заклучоците е таа да прерасне во традиционална манифестација.

 

Стевче Митревски