Кривичен суд

Мухамед Зеќири осуден на две години и шест месеци затвор

01.12.2023 13:50

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири е осуден на две и пол години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување...

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири е осуден на две и пол години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување.

Тој треба и да ги надомести парите кои државата ги плаќала поради неговите договори склучени во четири очи.

Нема да му се конфискува недвижниот имот во Чаир, ниту парите најдени во сефот на сопругата на Зеќири.

„Судот обвинетиот го осудува на казна затвор од 2 години и шест месеци, а во вака изречената казна затвор му се пресметува и времето поминато во притвор и куќен притвор. Се задолжува Мухамед Зеќири да ја надомести штетата 71.338.336 денари во рок од шест месеци по пресудата“, рече судијката.

Мухамед Зеќири се товари дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.