Лавров: Западот е виновен за сè
Со жестоки критики за улогата на Западот во поткопувањето на темелите ОБСЕ и на обидите да им се продолжат мандатите на функционерите во организацијата, како и со обвинување дека Западот и режимот во Киев сакаат продолжување на војната во Украина – вака помина прес-конференцијата на рускиот шеф на дипломатијата Лавров на Министерскиот совет на ОБСЕ...

Западот е виновен за сè. ОБСЕ е пред колапс, пропаѓа сè што е направено изминативе години. Безбедноста се нарушува, димензијата на човекови права, хуманитарната помош. Вака размислува првиот човек на руската дипломатија, Сергеј Лавров. Не се чувствува изолиран иако таква слика сакаа да наметнат Борел и Блинкен, кои се кукавици и избегаа соочување – рече Лавров.
И додека според него Западот е виновен и за состојбите на Балканот, во стилот на добар гостин ја пофали Македонија за министерскиот состанок, и ги отфрли тврдењата дека Русија има влијание врз Бугарија за членство на земјава во ЕУ.
Бевме блиску пред договор за прекин на војната со Украина. Разговаравме во Белорусија и Турција, но кога бевме пред договор, се јави Борис Џонсон, поранешниот британски премиер и на Украинците им рече војната мора да продолжи, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.
Миле Ристески
