Фудбал

Интер Мајами ги распродаде влезниците за новата сезона

01.12.2023 15:02

Интер во септември најави двојно повисоки цени на сезонските билети за новата сезона. Тоа се случи неколку месеци, откако Меси потпиша договор со клубот од Мајами.

Американскиот фудбалски прволигаш Интер Мајами објави дека се распродадени билетите за новата во новата во МЛС лигата, чија цена клубот за која настапува Аргентинецот Лионел Меси двојно ја зголеми.

Продадени се сите сезонски билети, а навивачите ќе можат да купуваат влезници за дел од натпреварите ќе бидат пласирани во продажба, откако ќе биде познат распоредот за сезоната 2024 во американската МЛС лига.

Интер во септември најави двојно повисоки цени на сезонските билети за новата сезона. Тоа се случи неколку месеци, откако Меси потпиша договор со клубот од Мајами.

Капацитетот на „ДРВ ПНК“ арената во која Интер Мајами ги игра своите натпревари е 21.000 седишта.

 

Извор: МИА