Повисоки пензии

Со антикризните мерки заштитен е стандардот на пензионерите, вели Ковачевски

01.12.2023 16:52

Владата со деветтиот антикризен пакет предвиде мерки и за пензионерите со најниски примања во вредност од 35 милиони евра. Премиерот Ковачевски и министерката Тренчевска на средба со претставници на здруженијата на пензионери. Пензионерите во изминатиот период протестираа барајќи линеарно зголемување на пензиите …

Со антикризните мерки се покажува сериозна одговорност и почит кон највозрасната популација во земјава. Ова по средбата со премиерот Ковачевски го истакнаа од Сојузот на здруженијата на пензионери. Во наредните пет месеци ќе добиваат еднократна парична помош, но се надеваат дека по истекот на мерките, Владата позасилено ќе работи на прифаќање на нивните предлози.

Со деветтиот пакет антикризни мерки тежок 662 милиони евра го заштитивме животниот стандард и на пензионерите, рече премиерот Ковачевски, кој посочи дека пензионерите што имаат најниски примања ќе добиваат најголема финансиска помош. Најави дека буџетот за пензии в година ќе биде најголем и ќе тежи 1,36 милијарди евра.

Додека од Сојузот на здруженијата на пензионери беа на средба со Ковачевски, расте незадоволството кај пензионерите кои со месеци протестираат барајќи линеарно покачување на примањата.

Викторија Милевска