Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ
Шефот на руската дипломатијата Лавров со жестоки критики за улогата на западот во поткопувањето на темелите на ОБСЕ. Малта ќе претседава со организацијата во 2024-та. Одлуките донесени во Скопје ќе овозможат успешно продолжување на работата на ОБСЕ. Преку нашата истрајна политика успеавме да ја спасиме најкомплицираната организација во светот од пропаст, изјави шефот на дипломатијата Османи…

Со жестоки критики за улогата на Западот во поткопувањето на темелите на ОБСЕ и на обидите да им се продолжат мандатите на функционерите во организацијата, како и со обвинување дека западот и режимот во Киев сакаат продолжување на војната во Украина, вака помина прес-конференцијата на шефот на руската дипломатијата Лавров во Скопје. Тој ги нарече Блинкен и Борел обични кукавици. Американскиот амбасадор во ОБСЕ Карпентер со коментар – никој не сака да седи на иста маса со Лавров и да ги слуша неговите лаги, дезинформации и пропаганди.
Анита Димитриевска-Велковска известува за пораките и заклучоците од завршната конференција на Министерскиот совет на ОБСЕ.
