Шаќири: Светска банка е значаен партнер во развојот на човечкиот капитал во државата
Тој информираше дека во тек се и низа други реформски процеси, кои вклучуваат изготвување на нови формули за финансирање на основното и средното образование, оптимизација на училишната мрежа, развој и проширување на концептот на дуално образование, унапредување на концептот на државната матура и дигитализацијата на образованието.

Инвестирањето во знаењето и вештините на луѓето уште од раното детство дава најповолни резултати и води кон доживотни и меѓугенерациски придобивки. Таквата инвестиција, не само што влијае на идните приходи, туку и позитивно влијае на континуираната акумулација на човечки капитал. Ова е наш фокус како Влада и во тоа не сме сами. Од голема важност е поддршката што континуирано ја добиваме од Светската банка и тоа особено во образованието, како систем кој директно го обликува човечкиот капитал.
Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната конференција по повод 30 години партнерство меѓу Северна Македонија и Светска Банка, што се одржа на Економскиот факултет во Скопје.
„Преку низа партнерски проекти унапредивме повеќе сегменти на воспитно – образовниот систем во државата. Особено ќе го посочам средното стручно образование, кое во последните неколку години стана искучително актрактивно за младите и понуди интересна едукација која ветува брзо вработување и добра основа за понатамошна лична надградба. Ќе го споменам и проектот за унапредување на основното образование, кој е во тек и треба да обезбеди покреативна настава и генерално следење на глобалните образовни трендови во тој дел“, рече Шаќири.
Тој информираше дека во тек се и низа други реформски процеси, кои вклучуваат изготвување на нови формули за финансирање на основното и средното образование, оптимизација на училишната мрежа, развој и проширување на концептот на дуално образование, унапредување на концептот на државната матура и дигитализацијата на образованието.
Очекува, како што рече, успешната соработка со Светската банка да продолжи и во иднина.
„Иако е императив да се одговори на краткорочните предизвици на денешницата, сепак унапредувањето на човечки капитал е можно само долгорочни вложувања и реформи кои ќе ги задоволат потребите на иднината, а за тоа од особена важност е партнерството со Светска банка“, рече Шаќири.
