Свет
„Њујорк Тајмс“: Израелските власти знаеле за планот за напад на Хамас една година порано
01.12.2023 19:34
Весникот тврди дека официјални лица кои ги виделе плановите ги отфрлиле само како „желба и аспирација, сметајќи дека е премногу тешко за Хамас да ги спроведе“.

Американскиот весник „Њујорк Тајмс“ денеска објави дека израелските власти добиле разузнавачки информации за борбениот план на Хамас за нападот на 7-ми октомври повеќе од една година пред тој да се случи.
Весникот тврди дека официјални лица кои ги виделе плановите ги отфрлиле само како „желба и аспирација, сметајќи дека е премногу тешко за Хамас да ги спроведе“.
Во разузнавачкиот извештај изготвен на 40 страници официјалните лица виделе документ во кој биле наведени сите напади, еден по друг, токму како оние што се случија на 7-ми октомври.
