Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

02.12.2023 07:54

Ќе дува умерен, наместа засилен ветер (над 60 км/час) од јужен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер (над 60 км/час) од јужен правец.

Утринската минимална температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 19 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.