Влада

Министрите Спасовски и Бочварски во работна посета на Куманово

02.12.2023 08:36

Посетата ќе започне на локацијата пред СВР Куманово, една од капиталните инвестиции на МВР – реконструираниот објект на СВР Куманово...

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе бидат во работна посета на Куманово.

Посетата ќе започне на локацијата пред СВР Куманово, една од капиталните инвестиции на МВР – реконструираниот објект на СВР Куманово, на чие подрачје се реализирани реконструкциите и на останатите полициски објекти, а министерот Спасовски ќе се обрати на присутните медиуми.

Како што соопштуваат од владината прес-служба, работната посета на Куманово ќе продолжи на Железничка станица „Перо Чичо“, каде ќе се изврши увид во изградбата на пругата – делница Куманово-Бељаковце, како дел од Коридор 8, каде што е предвидено министерот Бочварски да се обрати пред присутните.