Груевски: Јас за разлика од СДСМ имам план
03.06.2014 13:39
Груевски во интервју за МИА нагласува дека прогласувањето на изборите за неругуларни е алиби Заев да остане на претседателската функција...

Инаетењето на СДСМ со невлегување во Парламентот не носи во губење на препораката од Европската Комисија и тоа ќе биде лошо за сите, но изгледа Заев се уште верува дека на тој начин ќе го сврти јавното мислење кон него, и во него ќе видат спасител кој ќе не врати на вистинскиот пат. Со тоа уште еднаш покажува колку многу го потценува капацитетот на граѓаните. Ова, меѓу другото, го истакнува претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски во интервју за МИА.
Во ситуација кога се соочија со тежок пораз во првиот круг, а претходно ги искористија сите можни адути, ја загубија самодовербата дека во чесен натпревар можат да не победат освојувајќи ја довербата од мнозинството граѓани, дојде до брза и непромислена промена на стратегијата која ги втурна во уште поголем пораз за што јас јавно предупредував во говорите на митинзите во вториот круг, вели Груевски во интервјуто и нагласува дека прогласувањето на изборите за неругуларни е алиби Заев да остане на претседателската функција.
Груевски во интервјуто говори и за функционирањето на Собранието по одлуката на опозицијата да не учествува во неговата работа, за обвинувањата околу продажбата на Македонска банка и за наводните уплати на сметката на ВМРО-ДПМНЕ, за слободата на медиумите, за преговорите со ДУИ за формирање на новата Влада и нејзините идни приоритети...
