Екологија

Велешани бараат уште една мерна станица за квалитетот на воздухот во градот

02.12.2023 11:04

Поради спецификата на поставеноста во градот, и екологистите и локалната власт сметаат дека на Велес му е потребна уште една мерна станица, министерката за животна средина Шукова вели дека тие работат на намалување на загаденоста, не вложуваат во нови мерни инструменти …

И додека невладините еколошки здруженија и локалната власт, бараат градот Велес да добие уште една мерна станица за квалитетот на воздухот, министерката Шукова вели дека се потребни мерки за намалување на загаденоста. Велес до пред 20 години беше индустриски центар и имаше пет мерни станици, денес има само една, кај Детската градинка во населбата Тунел.

Постојната мерна станица го покрива новиот дел од градот, додека стариот, каде повеќето од домаќинствата користат како енергенс огревно дрво, нема мерна станица. Министерката за животна средина Каја Шукова, вели дека е важно е да се работи на намалување на загаденоста и тие не вложуваат во поставување нови мерни станици, но остава локалните власти да постават нови мерни инструменти.

Овој месец од 30 дена, во Велес пет биле во повисоки вредности на параметри повисоки од максимални дозволените.

 

Петар Печков