ИЗРАЕЛ-ХАМАС

Продолжуваат израелските напади во Појасот Газа

02.12.2023 09:53

Најмалку 200 Палестинци се убиени од обновувањето на борбите вчера, тврдат од Министерството за здравство во Газа, управувана од Хамас.

Израел нападна цели во јужниот дел на Појасот Газа, интензивирајќи ја обновената офанзива што уследи по еднонеделното примирје со Хамас. Најмалку 200 Палестинци се убиени од обновувањето на борбите вчера, тврдат од Министерството за здравство во Газа, управувана од Хамас.

Американскиот државен секретар Блинкен по состаноците со арапските министри за надворешни работи во Дубаи, ја заврши третата турнеја на Блискиот Исток од почетокот на војната. Продолжува дијалогот за продолжување на примирјето меѓу Израел и Хамас.