САД

Атланта: Демонстрант се обиде да се самозапали пред израелскиот конзулат, пронајдено и палестинско знаме

02.12.2023 10:00

Полицијата соопшти дека е пронајдено и палестинско знаме...

Едно лице се обиде да се самозапали пред израелскиот конзулат во Атланта. Полицијата соопшти дека е пронајдено и палестинско знаме. И полицаецот кој се обидел да го спречи се здобил со изгореници. Двајцата биле пренесени во болница. Лицето кое се обидело да се запали е во критична состојба, изјави началникот на противпожарната служба на Атланта. 

Војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа предизвикува силни тензии во САД, а се организираат и големи демонстрации.