мвр

Приведен крадец во Велес, следува соодветна пријава

02.12.2023 13:30

Тој се сомничи дека од објект на правно лице одзел повеќе предмети...

Вчера година во 12.10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.В.(21) од Велес. Тој се сомничи дека од објект на правно лице одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот.

За настанот бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.