Продолжуваат нападите во Газа, по примирјето убиени стотици Палестинци
Израелските сили извршија моќни воздушни напади врз Појасот Газа.Тврдат дека погодиле повеќе од 500 цели мегу кои и комплекс за складирање на оружје и терористичка инфраструктура што ја користи Хамас. Има над 150 загинати луге стотици ранети според Министерството за здравство во Газа …

Само неколку часа по прекинот на примирјето, Израел нападнал повеќе од 400-тини цели во Појасот Газа. Борбените авиони погодиле повеќе од 50 цели во областа Кан Јунис. Воздушните удари биле насочени и кон џамија во северниот дел на Газа која исламски џихад ја користел како оперативен команден центар, пренесува Би-Би-Си. 200 Палестинци се убиени од прекинот на примирјето меѓу Израел и милитантната група, велат од Министерството за здравство во Газа кое го контролира Хамас.
„Куќата на мојот вујко. Неговите синови, имаа два стана во зградата. Јас и брат ми бевме на пат да се евакуираме кога ја бомбардираа куќата“, изјави Мохамед Одван, жител на Газа.
УНИЦЕФ предупреди дека болниците во Газа се веќе преполни. Стотици илјади жители на Газа се засолниле во јужниот град Кан Јунис во импровизирани шатори обезбедени од Обединетите Нации. Обидите за повторно примирје и прекин на огнот.
„Продолжуваме напорно да работиме со Израел, Египет и Катар да се врати примирјето во Газа. Но, да бидеме јасни за ова. Токму поради Хамас таа пауза заврши. Тие едноставно не беа во можност, не успеаја да создадат список на заложници кој би помогнал таа пауза да продолжи. Одговорноста е на Хамас, да направи список на заложници кој ќе ги извади за да можеме да се обидеме да го вратиме примирјето“, изјави Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен по состаноците со арапските министри за надворешни работи во Дубаи, ја заврши третата турнеја на Блискиот Исток од почетокот на војната. Продолжува дијалогот за примирје меѓу Израел и Хамас. За време на прекинот на огнот, кој траеше една седмица, со два прекина, Хамас ослободи околу 80 заложници, додека Израел за возврат ослободи 240 палестински затвореници. Речиси сите ослободени заложници од Хамас беа жени и деца, а најголемиот дел од ослободените од Израел беа млади палестински момчиња, уапсени за фрлање камења, или нарушување на јавниот ред. Надвор од договорот за примирје беа ослободени и околу 20 странци, кои во моментот на нападите работеле во Израел.
Александра Велинова
