Шести ден од исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска
Последните информации од МВР беа дека преку 50 камери односно места каде што има камери се прегледани, целосно е во функција системот „Безбеден град“, сите податоци од телекомуникациските операторите се земени....

Шести ден од исчезнувањето на Вања Ѓорчевска. Последните информации од МВР беа дека преку 50 камери односно места каде што има камери се прегледани, целосно е во функција системот „Безбеден град“, сите податоци од телекомуникациските операторите се земени. Проверени се подруми, манастири, цркви, речното корито на Вардар.
Формиран е посебен штаб заедно со родителите, роднините и соучениците на исчезнатото девојче.Сослушани се десетици лица, а полицијата има земено и електронски уреди кои во моментот се вештачат. Во потрагата по Вања веќе се вклучи и Интерпол. Сликата на исчезнатото 14-годишно девојче ја објавија сите балкански земји.
Во изминатите години од 01.01.2020 заклучно со 28.11 годинава од пријавените исчезнати лица малолетни се 74, а пронајдени 65 лица. Потрагата е активна за 6 деца на возраст до 14 години.
