Случај „Онкологија“

Власта и опозицијата во Анкетната комисија без договор за заклучоците за случајот „Онкологија“

02.12.2023 12:56

Мандатот истече вчера, јавноста го нема исходот од работата.

По два месеца, над 50 одржани седници, повикани 50 сведоци, експерти екс и сегашни функционери, Анкетната комисија за онкологија требаше до понеделник да ги достави заклучоците до Собранието. Мандатот истече вчера, јавноста го нема исходот од работата. Партиите се обвинуваат.

Претседателката Мизрахи не свика седница последниот работен ден. Власта обвинува дека намерата на ВМРО-ДПМНЕ била да ја опструира истрагата на надлежните институции и да ја злоупотребува во политички цели. Од опозицијата велат дека нивните предлог-заклучоци се базираат на ревизорскиот извештај за контролите во Онкологија и побараа политичка одговорност од ексминистерот Филипче, поранешниот директор Нино Васев и поранешни функционери, на што СДСМ им се спротивстави нудејќи други решенија без именувани лица.

Досега нема ниту нови информации од Обвинителството за предистражната постапка за случајот со злоупотребите на терапиите за болните од канцер.