Украина

Зеленски: Нова фаза во војната со Русија

02.12.2023 13:23

Украинскиот претседател стравува дека војната меѓу Израел и Хамас во Газа се заканува да го засени конфликтот во Украина...

Имаме нова фаза на војна. Зимската војна се одвива не само на линијата на фронтот, туку и во градовите, поради големиот број беспилотни летала и ракети што ги користи непријателот, вели украинскиот претседател Зеленски.

Поради трагедијата на Блискиот Исток, не смееме да дозволиме луѓето да заборават на војната овде. Разбираме какви можат да бидат предизвиците ако фокусот на вниманието на нашите сојузници биде поделен, појаснува Зеленски.

Украинскиот претседател стравува дека војната меѓу Израел и Хамас во Газа се заканува да го засени конфликтот во Украина. И покрај обидите, Зеленски смета дека не се постигнати посакуваните резултати со контраофанзивата.