Македонија

Битиќи не ги коментира нападите на Зеќири

02.12.2023 17:20

Вицепремиерот Фатмир Битиќи не сака да ги коментира обвинувањата на поранешниот генерален секретар на Владата Зеќири, и нагласува дека Владата носи заклучоци и очекува службите според законските прописи да ги спроведуваат …

Владата носи заклучоци, и не навлегува во модалитетот на нивното спроведување. Стручните служби знаат како треба да се спроведе согласно законските прописи во државата. Вака одговара вицепремиерот Фатмир Битиќи на новинарско прашање но и на обвинувањата на поранешниот генерален секретар Мухамед Зеќири кој посочил дека при склучувањето на договорите се поведувал по умисла на други предложени од вицепремиерот Фатмир Битиќи. За Зеќири вчера беше изречена и првостепена пресуда.

„Како и за сите други заклучоци и задолженија што ги носи Владата, министерствата и службите треба да ги спроведат. Таму во ниту еден заклучок или задолжение не се укажува на постапката или начинот како треба да се спроведат“, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

Мухамед Зеќири се товари дека од април 2021 до јануари 2022 година како генерален секретар на Владата без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги во вкупна вредност од близу еден милион евра, поточно, биле платени 147.000 евра повеќе од договорените 795.000 евра.

 

Елизабета Митреска