свет

Во Германија снежен хаос, Минхен блокиран

02.12.2023 17:54

Сите летови одложени до недела наутро...

Обилни снежни врнежи ја погодија јужна Германија, предизвикувајќи големи проблеми на аеродромот во Минхен, вториот најфреквентен центар во земјата. Сите летови одложени до недела наутро. Германската метеоролошка служба прогнозираше долготраен снег за поголем дел од Баварија, а на места се очекуваат дури 30 до 40 сантиметри снег.

Повеќето локални автобуски и трамвајски линии се откажани, бидејќи условите на патиштата се многу лоши.