НАТО ја повика Русија да го врати Крим на Украина
03.06.2014 14:06
Генералниот секретар на НАТО ги оцени руските воени активности во Крим како агресивни и незаконски...

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска ја повика Русија „да и го врати“ Крим на Украина.
Анексијата на Крим кон Руската Федерација е незаконско, не го признаваме и за нас полуостровот е дел од Украина. Ја повикуваме Русија да и го врати, изјави тој пред новинарите. - Инсистираме на целосно повлекување на руските војници од украинската граница, гледаме повлекување, но се уште има десетици илјади војници во тој регион и нивното присуство таму не е оправдано, нагласи Расмусен.
Тој ги оцени руските воени активности во Крим како агресивни и незаконски и појасни дека украинската криза, која се случива на прагот на НАТО ја става Алијансата пред нова ситуација во однос на безбедноста, која бара изработување на нови одбранбени планови.
Расмусен изјави дека изготувањето на тие планови веќе е во тек. - Ќе оцениме што уште треба да се направи, украинската криза покажа дека листата на закани се зголемува и тие стануваат непредвидливи, додаде тој.
