Собрание
Од понеделник расправа за Предлог-буџетот
02.12.2023 18:57
Прва расправа во матичната Комисија за финансирање и буџет...
Предлог-буџетот за 2024-та в понеделник на собраниската процедура. Прва расправа во матичната Комисија за финансирање и буџет. Според Предлог-буџетот, догодина ќе се потрошат 5,5 милијарди евра што е за 5,8% повеќе во однос на годинава. Дефицитот е предвидено да биде 545 милиони евра или 3,4 отсто од БДП.
Во предложениот буџет од Владата изјавија дека има пари за зголемување на платите во јавниот сектор, за редовното усогласување на пензиите и за повеќе финансиски средства за општините. Според најавите од Собранието пленарната расправа се очекува да започне не подоцна од 22-ри декември.