Временска прогноза
Променливо облачно со локални врнежи од дожд
03.12.2023 08:12
Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој од пладне ќе го промени правецот во северен и наместа долж Повардарието повремено ќе засилува...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој од пладне ќе го промени правецот во северен и наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено попладне.
