Турсисти напднати со нож во центарот на Париз, едно лице загина а две се ранети
Починатиот е турист со германско и филипинско државјанство, а повредените се англиски турист и француски државјанин, пренесоа медиумите....

Едно лице загина, а две се ранети во напад со нож, доцна синоќа во центарот на Париз. Починатиот е турист со германско и филипинско државјанство, а повредените се англиски турист и француски државјанин, пренесоа медиумите. Ве молиме избегнувајте ја областа, напиша на твитер министерот за внатрешни Дерманин. По апсењето, напаѓачот изјавил дека повеќе не може да толерира како муслиманите умираат во Авганистан и Палестина.
27-годишниот напаѓач е роден во Франција, а на властите им бил познат дека застапува радикални исламистички ставови и страда од „значајни психијатриски нарушувања“. Осомничениот бил осуден на четири години затвор во 2016 година за заговор за „насилна акција“.
