регион
Силен земјотрес регистриран во Србија
03.12.2023 11:42
Земјотресот според Републичкиот сеизмолошки завод бил со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала...

Силен земјотрес утрово е регистриран во Србија. Земјотресот според Републичкиот сеизмолошки завод бил со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот е регистриран во областа Марковац, на длабочина од околу 2 километри. Биле почувствувани два кратки удари по ред.
Земјотресот бил почувствуван и во Бугарија.
